Мајката објаснила дека вакво нешто му се случува на едно од 2000 родени бебиња

Една жена била запрепастена кога открила дека нејзиното бебе е родено со неколку целосно израснати заби. Згора на тоа, ниту вработените во болницата не можеле да поверуваат и ѝ кажале дека ова никогаш не го виделе кај новороденче. Корисникот на TikTok, Џордан Блос-Вилсон, го сподели своето необично искуство на својот профил @jordanvilson_bloss, пишува The Sun.

Џордан, која живее со нејзиниот партнер во Канзас Сити, сподели слика од нејзиното преслатко момче како спие. Меѓутоа, кога камерата го фати како ја отвора устата за да се насмее, се гледаа неговите мали заби.

– Кога вашето бебе ќе се роди со заби, а целиот персонал во болницата е во неверување затоа што никогаш не го виделе ова – напиша Џордан во описот на видеото. Мајката, чиј син сега има осум месеци, даде повеќе детали во описот, вклучително и колку е ретка ваква работа. Така таа им објаснила на гледачите на видеото дека вакво нешто му се случува на едно од 2.000 родени бебиња.

Advertisement

Видеото кое стана вирално откако беше прегледано повеќе од 16,4 милиони пати, брзо го привлече вниманието на многу корисници. Многумина рекоа дека никогаш не слушнале за овој редок случај и дека не би знаеле како да реагираат доколку им се случи. – Никогаш не сум го видел ова! – напиша еден корисник.

Очекував да бидат едвај видливи, како штотуку пробиле, а не како да се возрасни заби – коментира друг корисник, на што Џордан одговорил дека забите му изгледаат толку големи затоа што е многу мал, но да. сега се сосема нормални. Сепак, имаше и такви кои веќе се запознале. „И јас сум роден со заби. Навистина е забавно и секогаш им го кажувам тоа на сите.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО СО ПРИТИСКАЊЕ ТУКА

Advertisement