Сите жени кои го пробаа беа воодушевени.

Сигурно ќе се чувствувате поудобно кога собата во која често престојувате има пријатен воздух. А дали знаевте дека правосмукалката и омекнувачот можат да ви помогнат во тоа, а постапката е полесна отколку што можете да замислите.

Една корисничка на TikTok по име Марлин покажа како користи правосмукалка за да направи нејзиниот дом да мириса убаво.

Трикот е да ја отворите правосмукалката, да го извадите филтерот и да го попрскате со освежувач на воздух, а потоа да го вратите во правосмукалката.

Advertisement

Додека ја чистите куќата, свеж и пријатен мирис ќе се шири низ вашиот дом.

Коментарите за овој трик беа различни, од жени кои не знаеја дека може да се отстрани филтерот, до оние кои беа целосно воодушевени од идејата и рекоа дека дефинитивно ќе го користат овој трик.

– Ова навистина помага, ставив неколку капки есенцијално масло на филтерот и навистина прави чуда. Имам кучиња и куќата постојано мириса на нив – беа само дел од коментарите.

Advertisement