Боровиот полен е еден од најдобрите подароци на природата. Има широк спектар на здравствени својства. Содржи повеќе од 200 биоактивни хранливи материи, витамини, минерали, амино киселини, фитонутриенти.

Во кинеската медицина се користел пред повеќе од 2000 години како лек за подобро здравје, против стареење и долговечност.

Се разбира, многу е важно тоа да е полен кој не е загаден или третиран, или што е собран, на пример, во чиста борова шума. Доколку го купите, проверете го производителот и уверете се дека е 100% природен, без адитиви, шеќер, вештачки бои.

Еве некои од клучните карактеристики на боровиот полен:

Advertisement

* ги содржи сите 8 есенцијални амино киселини или протеини, како и различни есенцијални амино киселини
* ги содржи скоро сите витамини од Б комплексот
* содржи витамини Д2 и Д3, а витаминот Д3 инаку е многу редок кај растенијата
* богат е со полисахариди

* е добар детоксификатор, и има способност да го декалцифицира телото и да ја подобри флексибилноста на зглобовите и сврзното ткиво
* влијае на подобрување на имунолошкиот систем
* ја поддржува работата на жлездите на ендокриниот систем и хормоналната рамнотежа
* може да ја намали чувствителноста на болка
* ублажува тешко воспаление

* е идеален додаток во исхраната, штити од грип и настинка
*го регулира холестеролот
* има заштитни својства од радиоактивно зрачење
* има силни антиоксидантни својства

* го регулира нивото на тестостерон и кај жените и кај мажите
* го регулира нивото на хормоните и ја олеснува менопаузата кај жените
* го зголемува либидото
* го подобрува метаболизмот
*помага во регулирање на тежината

Покрај овие својства, боровиот полен е прикажан како одличен додаток на здрава исхрана, ја храни косата, ги зајакнува органите и нивната отпорност, како и издржливоста на кардиоваскуларниот систем, ја подобрува работата на срцето.

Исто така, одредени состојки на боровиот полен ги зајакнуваат капиларите.

Како да се користи боровиот полен?

Свежо собраниот полен може да се додаде во јадења, млеко, јогурт, шејкови или сокови. Купена во продавница во форма на прав, може да се консумира по една кафена лажичка измешана со мед дневно.

Се препорачува да се зема наутро пред појадок.

Најдобро од се, боровиот полен може да се користи на неодредено време, а резултатите се видливи по еден месец секојдневна употреба.

Advertisement