За оваа напивка ќе ви требаат 4 состојки:

Дали знаете каква е всушност улогата на магнезиумот во нашите животи? Тој е важен за многу процеси во телото, вклучувајќи регулација на мускулните и нервните функции, регулирање на нивото на шеќер во крвта, регулирање на крвниот притисок, но и за градење мускули, коски и ДНК. Со оглед на неговата важност, недостатокот на овој минерал се манифестира преку депресија, грчеви во мускулите, аритмија, варење, а долгорочно може да доведе до посложени болести.

Потребите зависат од возраста и полот, а кога станува збор за возрасните, жените имаат потреба од 310 до 320 милиграми магнезиум дневно, а таа бројка се зголемува доколку жените се бремени, додека за мажите препорачаната дневна доза на магнезиум е до 400 милиграми.

Храната како темно чоколадо, авокадо, лиснат зеленчук, јаткасти плодови, семки, банани, содржи многу магнезиум, а доколку ги немате овие намирници, можете да направите напиток кој ќе го надополни магнезиумот во организмот.

Advertisement

За оваа напивка ќе ви требаат следниве 4 состојки:

  1. 25 гр семки од тиква
  2. 200 мл бадемово млеко
  3. 2 супени лажици ленено семе
  4. еден портокал

Подготовка:

Во блендер ставете ги семките од тиква и лен и додадете го сечканиот портокал. Потоа истурете го бадемовото млеко и изматете околу 30 секунди. Добиениот напиток нека отстои неколку минути. Експертите препорачуваат овој напиток да го консумирате наутро, за да имате доволно енергија и да бидете добро расположени во текот на денот.

Advertisement