Постојат неколку природни лекови чија моќ може да се спореди со моќта на младата коприва.
Ако имате некакви проблеми со мокрење, камења во бубрезите , проблеми со зглобовите, копривата ќе ви помогне во тоа.




Чајот од коприва ќе ги намали симптомите на алергија, треската, ќе го излечи пролетниот замор и ќе ја прочисти крвта.
За што е корисно маслото од коприва?
Прави чуда за ревматизам, артритис и остеопороза. Се користи и за брзо заздравување на гребнатинки и изгореници на кожата, а може да помогне и при егзема и други кожни заболувања.




Како да направите масло од коприва:
За да направите масло од коприва, наполнете тегла со свежи млади листови од коприва и прелијте ги со маслиново или кокосово масло. Затворете ја теглата и оставете ја на сончево место. Секојдневно тресете го и оставете го да отстои на сонце уште 20 дена. Пред употреба, процедете го маслото и нанесете го на кожата.




За ублажување на болката, негување на кожата, лекување на кожни болести и намалување на брчките, користете масло од коприва.Чајот од коприва е одличен и за нашето здравје, еве како се подготвува:




Младите листови собрани во пролет се користат за подготовка на чај од коприва. Чајот може да се направи од свежи или суви лисја.
- Ќе ви требаат следниве состојки:
- 200 мл вода
- неколку листови свежа коприва
Загрејте ја водата додека не зоврие.
Копривите прелијте ги со топла вода и оставете ги да отстојат помеѓу 5 и 10 минути.
Никогаш не подготвувајте чај во метален сад или чаша.




Откако ќе се остават копривите во топла вода, смесата се процедува, по желба се засладува и се консумира.
Совети за берење коприви
Кога ќе почнете да берете коприви, задолжително облечете заштитни ракавици. Потоа со остар нож или ножици отсечете ги врвовите на младите коприви. Собраните коприви ставете ги во сад или кеса.




Доколку ве „изгорат“ копривите, градинарите предлагаат да нанесете паста од сода бикарбона и вода на вашата кожа. По неколку минути болката предизвикана од берење коприви ќе исчезне.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!










