Изгледот на вашите прсти кажува нешто за вас, а се работи за должината на вашите прсти и на какви карактеристики може да укажуваат.
Голем палец
Ако имате поголем палец, тоа може да значи дека сте многу весела личност. Вие сте исто така многу креативни, паметни.
Втор прст
Ако вашиот втор прст е поголем од другите, тоа може да значи дека сте личност која има лидерски способности. Многу сте снаодливи и одговорни. Амбициозни сте и се трудите да ги постигнете целите што си ги поставивте.
Среден прст
Ако вашиот среден прст е поголем од другите, тоа може да значи дека сте многу снаодливи и исто така се стремите кон совршенство. Сакате да работите што е можно подобро. Тоа е добро, но не треба да се стремите кон совршенство бидејќи ништо не е совршено.
Четврти прст
Ако четвртиот прст ви е поголем од другите, тоа значи дека сте многу чувствителна личност и дека сте приврзани за семејството, кое е на прво место.
Малиот прст
Ако малиот прст ви е долг, тоа може да значи дека сте весела личност, опуштена, но и дека сте незрели. Не сте многу одговорни. Вие сте и авантурист.











