Ако сте малаксани, чувствувате замор, време е да ја проверите крвната слика. Но, пред да отидете на лекар, обидете се на природен начин да ја подобрите општата состојба и крвната слика. Подответе го следниот сируп.




За да ја подобрите крвната слика, овој сируп доволно е да го консумирате два пати годишно.
Потребно:
- 1 kg цвеко
- 1/2 kg моркови
- Сок од еден лимон
- 2-3 портокали
- 2 кисели јаболка
- 1 тегла мед
Подготовка:




Цвеклото, морковот и јаболката излупете ги, исечете ги на помали парчиња, ставете ги во соковник и направете сок.




Од лимонот и портокалот рачно процедете сок и помешајте го со претходниот. На крај додајте тегла мед, најдобро ливадски, затоа што е најлековит.




Измешајте добро додека медот да се соедини со сокот. Количината портокали може дабиде и поголема, затоа што тие се додаваат воглавно поради мирисот и вкусот. Готовиот сируп истурете го во стаклено шише.




Ќе добиете околу 2 литри сируп, што е доволно за 15-20 дена. Од сирупот пијте секое утро на празен желудник, додека да ја потрошите целата количина.