Банана и мед, комбинација која решава три проблеми
Мешавината од банана и мед многу добро делува при болки во грлото, стомачни болки и кашлица.

Понекогаш не сакаме да прифатиме да пробаме природен лек бидејќи многу често ни се чини дека е нешто крајно невкусно. Мешавината од банана и мед, освен што ќе ви помогне при стомачни проблеми, кашлица и болки во грлото, сигурно ќе ги задоволи вашите сетила.

  • Потребни состојки:
  • Две лажички мед
  • две средни банани со црни дамки
  • 400 мл зовриена вода
  • Подготовка:
    Прво излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка или лажица. Добро би било да го правите со дрвен прибор за јадење, бидејќи поради металот ќе потемни. Потоа ставете ги бананите во тенџере и додадете зовриена вода во нив. Оставете да кисне околу половина час. Кога смесата ќе се олади додадете го медот. Важно е да го додадете на крајот, бидејќи ако го измешате со врела вода, ќе ги изгуби лековитите својства.

    Примена:
    Пијте 100 милилитри од овој напиток четири пати на ден. Количината на состојки од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова тура. Првите резултати ќе ги почувствувате за пет дена, пишува Новости .

    Advertisement
    Advertisement