Жената во видеото открива како на целосно природен начин да ја избели кожата на рацете и да се исчисти од дамки и пеги кои доаѓаат со текот на годините.

Состојки:

  • 2 лажици мед
  • 3 лажици цеден сок од портокал
  • 1 лимон
  • 1 лажичка шеќер

Измешајте мед, сок од портокал и шеќер. Со лажичка добро промешајте. Добиената смеса нанесете ја на пресечен лимон па тријте по рацете. Тријте така 25 минути.

Кога ќе завршите со пилингот, пригответе маска за раце која ќе ја нахрани вашата кожа.

Advertisement

Помешајте 3 лажици оризово брашно, една лажичка хидроген пероксид 3%, 4 лажици ши путер и 2 лажици сок од портокал. Сето убаво соединете го и оставете да отстои 30 минути.

Потоа исплакнете со топла вода.

Погледнете го видеото во прилог:

Advertisement