Направете сируп од мед и цимет кој ќе ви помогне да ослабете, но и да ве заштити од настинки и грип.

Сите знаеме како полесно да се разболиме во зима и колку ни е слаб имунитетот. Направете природен сируп од куркума, цимет, мед и ѓумбир и зајакнете го вашиот имунитет. Не само што ќе ви помогне да го заштитите вашето тело од вируси и грип, туку и ќе изгубите тежина . Познато е дека медот е добар за метаболизмот, особено кога се меша со цимет, лимон и ѓумбир . Овој сируп е доволен за 2-3 дена за едно лице. Ако ви треба повеќе, само зголемете ги состојките.

Состојки:

  • 3 лажици мед
  • 1 лажичка куркума
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка рендан ѓумбир
  • сок од половина лимон

    Подготовка:

Измешајте ги состојките во сад или тегла и добро соединете ги. Затворете го садот и ставете го во фрижидер. Се консумира така што 1 лажичка сируп се става во чаша вода или чај и се меша.

Advertisement
Advertisement