Денеска ќе биде претежно облачно, на места со врнежи од дожд, претпладне ќе биде краткотрајно и со лапавица, а на ридско-планинските предели со снег со мал пораст на висината на снежната покривка, соопштија од Републички хидрометеоролошки завод .

Ќе дува слаб и умерен, на север и исток, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец, кој во планинските предели ќе достигне и невреме. Најниската температура е од минус еден до три, а највисоката од пет до осум Целзиусови степени.

Во главниот град денеска ќе биде умерено до целосно облачно и претежно суво. Ќе дува слаб и умерен ветер од западен и северозападен правец. Најниската температура ќе има вредност околу еден, а највисоката околу шест Целзиусови степени.

Кај повеќето хронични пациенти, биометеоролошките состојби ќе предизвикаат вообичаени поплаки. Се препорачува претпазливост за лицата со срцеви, цереброваскуларни и ментални нарушувања. Како метеоропатски реакции можни се немир и несоница.

Advertisement

Метеоролог Чубрило, ја објави својата прогноза до крајот на декември, наведувајќи дека до 23 декември нè очекува суво и студено време, но без поголеми врнежи.

„До вторник ќе биде умерено до значително облачно, повремено со врнежи, претежно денеска над целиот регион, утре ќе има само слаби врнежи на места, додека во понеделник можен е слаб дожд на север и исток од регионот. Утре ќе дува умерен ветер од западен правец Снег претежно над 800 мл.м.н.в.

Од вторник до петок времето ќе биде под влијание на антициклонско поле над кое ќе провејува релативно топол воздух од југозапад, а тие денови се очекува да бидат претежно суви и претежно сончеви со температури над просекот и тие генерално би се движеле од +6 до +14 степени Целзиусови. Ќе дува претежно слаб ветер, додека претпладне на места се очекува појава на слаб мраз и магла.

Во петок ново, минливо, облачност и заладување со врнежи од дожд во пониските предели и снег во планинските предели од регионот, ветерот ќе се претвори во засилен северозападен, додека дневниот максимум ќе се движи од +2 до +8 Целзиусови степени.

За наредниот викенд променливо облачно и свежо со слаб дожд повремено и снег на планините, додека по 22.12. очекува дополнително влошување и можно дополнително заладување. Бидејќи тој интервал е една недела од прогнозата, сигурно ќе има промени, а засега е под знак прашалник дали заладувањето ќе биде доволно силно да донесе снег во низините од регионот.

Во моментов е извесно дека барем до околу 22.12. нема зима, а поголемиот дел од следната недела ќе биде одбележан со релативно топло време“.

Advertisement