Летото е сезона на сандали, папучи и еспадрили, а време е да се потсетиме на нашите стапала. Да, делот од нозете што често го забораваме, иако ни помага да се движиме

Плускавци, пукнатини и сува кожа кои се појавуваат кога ги занемаруваме нивните потреби може да изгледаат крајно непривлечно и болно. Па, што можеме да направиме за нив?

Изненадувачки, пастата за заби всушност може да помогне при неколку проблеми со стапалата одеднаш. Тоа може да стане вашиот последен чекор до совршенство.

Како прво, пастата за заби може да биде добар пилинг за ладење бидејќи содржи абразивни честички кои го подобруваат ефектот. Откако ќе ги отстраните сите мртви клетки од кожата со овој пилинг, а вашата кожа на стапалата е мека како бебе, ќе бидете воодушевени. Единственото предупредување е: не користете паста за заби ако имате длабоки пукнатини или повреди – запомнете дека пастата за заби содржи ментол…

Advertisement

Пастата исто така ги избелува ноктите. Едноставно нанесете ја пастата и тријте со стара четка за заби.

Друга голема придобивка е тоа што може да ви помогне да се ослободите од непријатните плускавци. Едноставно нанесете ја пастата на саканото место и оставете неколку часа. Потоа отстранете ја пастата со влажна крпа. Постапката повторете ја неколку пати на ден додека не исчезне.

Извор: novi.ba.

Advertisement