Германскиот научник и добитник на Нобелова награда во полето на физиологијата, Харалд цур Хаузен, предупредил дека слабо проучениот вирус кој се среќава кај кравите може да предизвика канцер кај луѓето.

„Сметам дека домашните животни можат да бидат директен предизвикувач на канцер на дебелото црево кај луѓето. Располагаме со експериментални податоци кои одат во прилог на оваа хипотеза. Меѓутоа, ова секако треба дополнително да се потврди“, истакнал Хаузен.

И други научници претходно предупредиле дека употребата на црвеното месо (говедско, телешко, овчо и свинско) го зголемува ризикот од зараза со колоректален канцер. Но, Хаузен тврди дека опасноста доаѓа само од говедското месо, но исто така (колку и да звучи неверојатно) и од кравјото млеко.

Хаузен исто така укажал и дека нивото на колоректални заболувања од канцер нагло биле зголемени по Втората светска војна.

Advertisement

Тој е убеден дека тоа најдиректно е поврзано со тоа што во тие земји постоело популарното увозно говедско месо.

Германскиот научник додал и дека во азиските земји многу поретко луѓето се сретнуваат со канцер на млечната жлезда поради тоа што во нив минимално се користат кравјо млеко и млечни производи.

Хаузен за научното списание „International Journal of Cancer“ објавил дека проучувал и примероци од крв и млеко од крава и дека во нив открил елементи на ДНК кои можат да припаднат на непознат вирус кој би можел да биде причина за канцер.

Advertisement