Изготвувањето на законот се совпаѓа со едногодишната забрана за нови регистрации на имоти за краткорочно изнајмување во популарните области на Атина како Колонаки, Кукаки и Егзархија, казниво со парична казна од 20.000 евра.

Пратениците во грчкиот парламент денеска ја почнаа расправата за предлог-законот со кој се заоструваат правилата за краткотрајно издавање станови и куќи на туристи, а се забранува користење на пренаменети магацини и подруми без прозорци.

Така, реновираните магацини, подземни простории и поранешни индустриски капацитети ќе бидат отстранети од платформите за изнајмување на туристи, вклучително и оние кои веќе се пренаменети за угостителска употреба, пренесува Бета.

– Просторите за изнајмување мора да бидат простори за живеење, со природна светлина, вентилација и климатизација – изјави министерката за туризам Олга Кефалојани.

Advertisement

– Воведуваме минимални оперативни и безбедносни стандарди – рече таа, а „целта е долгорочен, одржлив и квалитетен развој на грчкиот туризам, а не само да се уриваат рекорди секоја година“.

Изготвувањето на законот се совпаѓа со едногодишната забрана за нови регистрации на имоти за краткорочно изнајмување во популарните области на Атина како Колонаки, Кукаки и Егзархија, казниво со парична казна од 20.000 евра.

Изнајмувањето помогна да се зајакне грчката туристичка индустрија, која носи 13 отсто од нејзиниот бруто домашен производ, но го зголеми притисокот врз семејствата поради зголемените кирии и недостигот на достапни имоти.

Неколку опозициски пратеници повикаа на посеопфатни ограничувања за изнајмување и рекоа дека владата ги игнорира социјалните трошоци и оптоварувањето на ресурсите поради континуираниот раст на туризмот, кој ги преместува популарните туристички населби и ја оштетува животната средина.

Владата вели дека сака да ги балансира придобивките од туризмот со достапноста на становите и нуди даночни олеснувања за сопствениците на имот да се откажат од краткорочните изнајмувања.

Предлог-законот со кој се воведуваат подетални безбедносни и оперативни стандарди за имотите за изнајмување се очекува да биде изгласан овој месец.

Се проценува дека приходот на Грција од туризмот ќе достигне рекордни 22 милијарди евра во 2024 година со 35 милиони странски туристи.

Бројот на приватни соби за краткорочно изнајмување туристи ќе биде еднаков на бројот на хотелски соби во 2023 година, но е речиси двојно поголем од оној во центарот на Атина, според студијата нарачана од Здружението на хотелиери, која бара построга регулација на имотите што се издаваат. преку онлајн платформи како што е Airbnb.

Advertisement