Новак Ѓоковиќ го освои 10-годишниот јубилеј на Австралија опен откако денеска славеше против Стефанос Циципас со 3:0. Најголемата борба беше видена во вториот сет, кој беше решен по тај-брејк.




Големата тепачка ги натера играчите сериозно да се испотат, па во неколку наврати и Новак и Стефанос мораа да се пресоблекуваат на самиот терен.




Она што беше интересно кога Новак го соблече дресот е што Ѓоковиќ реши овој пат да нема ништо под неговиот дрес.




Претходно вообичаено беше Ѓоковиќ да има дрвен крст, кој често му беше амајлија.




Додуша, претходно се случувало да нема ништо, па дури и да има одредени други амајлии и симболи, како што се некои скапоцени камења за кои се верува дека пренесуваат енергија.




Но, сега Новак реши без ништо да излезе на теренот, што беше мало изненадување за неговите фанови.