Луѓето кои пијат четири шолји кафе дневно имаат 64 отсто помал ризик да умрат од некоја болест, во споредба со оние кои не пијат кафе.
„Повеќето љубители на кафе беа збунети од препораките на лекарите за придобивките или штетите на овој пијалок. Многу лекари со децении предупредуваат за штетноста од прекумерното пиење кафе “, вели д-р Бранимир Несторовиќ.
Студија од 2009 година од Универзитетот Дурам во Велика Британија дури покажа дека луѓето кои пијат седум или повеќе шолји инстант кафе се изложени на ризик од халуцинации (резултатите не се сосема убедливи и се уште се тестираат од други научници). Health.com наведува:
Чистото кафе е богато со антиоксиданси , го намалува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар или дијабетес. Сепак, хемикалиите што се користат во одгледувањето и подготовката на кафе може да бидат многу штетни… “
Д-р Несторовиќ објаснува дека инстант кафето може да содржи акриламид, кој се создава на високи температури при подготовката на кафето. Откриен е во кафето дури во 2002 година, па не се знае кои концентрации се безбедни, но Управата за храна и лекови предупреди на можноста за оштетување на нервите што го предизвикува. Има канцерогени ефекти кај животните. Акриламид е речиси целосно отсутен во обично мелено кафе.
„Во проспективната десетгодишна студија презентирана на Конгресот на кардиолози во Барселона, се покажа дека луѓето кои пијат четири шолји кафе дневно имаат 64 отсто помал ризик да умрат од било која болест, во споредба со луѓето кои не пиј кафе. Овој ефект беше особено изразен кај лицата постари од 45 години.
Во истражувањето учествувале 20.000 луѓе. Ако бројот на шолји кафе беше пет, уште една додадена на претходната количина, ризикот од смрт беше намален за уште 22 отсто, што укажува на заштитното дејство на кафето, продолжи Несторовиќ.