Направете сами домашни лепчиња подобро отколку во пекара, лижете ги прстите!

  • ¼ шолја брашно (шолја од 250 мл)
  • 3 шолји топла вода
  • 4 мали лажички сув квасец

За премачкување:

ПОСТАПКА:

Во еден сад ставете вода, масло и квасец, промешајте и оставете да отстои 15 минути додека да се активира квасецот.

Advertisement

Полека додавајте брашно додека да добиете тесто кое е малку лепливо. Ако е потребно додадете малку повеќе или помалку брашно, во зависност од видот на брашното кое го користите.

Покријте го садот со проѕирна фолја или крпа и оставете да надојде 10 минути.

После 10 минути во еден с

ад ставете малку масло и со намастени раце директно од садот вадете мали парчиња тесто и формирајте мали топки. Јас од оваа количина добивам 30 парчиња.

Малите лепчиња редете ги во тепсија обложена со хартија за печење, оставајќи простор помеѓу за да можат да надојдат и оставете ги да киснат 20 минути.

Печете во загреана рерна на 190 степени 20 минути или додека убаво да заруменат (оригинално во рецептот се печат 10 минути, но мене никогаш убаво не ми заруменија за ова време, затоа ги печам 20).

Во оригиналниот рецепт се премачкуваат со растопен путер помешан со мед, но јас ги премачкувам само со путер.

Advertisement