Еве што да јадете за да се спасите од една од најопасните болести




Познато е дека влакната се од витално значење за здрав дигестивен систем и имаат корист за кардиоваскуларниот систем со намалување на холестеролот. Една нова студија објавена во списанието National Neuroscience, исто така, укажува на тоа дека влакната се корисни за здравјето на мозокот, според прес-службата на Универзитетот во Цукуба, Јапонија.




„Деменцијата е катастрофална болест која обично бара долготрајна нега“, вели водачот на студијата проф. Казумаса Јамагиши. „Ние сме заинтригирани од една неодамнешна студија дека диеталните влакна може да играат превентивна улога. Го проучувавме ова користејќи податоци собрани од илјадници постари луѓе во Јапонија за голема студија која започна во 1980-тите.“




Учесниците завршија истражување за храната што ја јаделе помеѓу 1985 и 1999 година. Волонтерите биле во добра општа здравствена состојба и на возраст меѓу 40 и 64 години. Потоа биле анкетирани од 1999 до 2020 година и било забележано дали некои од нив развиле деменција која бара посебна грижа.




Тимот од Цукуба ги анализирал податоците и открил дека учесниците кои јаделе повеќе храна богата со влакна имале помал ризик од деменција. Истражувачите, исто така, проучувале дали има разлика во ефектот на растворливите и нерастворливите влакна и откриле дека растворливите влакна се покорисни за деменција.