ЛЕКОВИТИТЕ СВОЈСТВА НА ОРЕВОТ
Кога станува збор за лековитите својства на оревот, мора да се непомени дека во медицински цели се користи целата билка, односно, лисјата, плодот, дрвото, коренот, свежите зелени лушпи, пупките. Научниците истакнуваат дека најдобриот начин е консумирање на сурови јатки од ореви, бидејќи печењето ја намалува нивната ефикасност.
Листовите се берат во јуни и јули во суво време, се сушат во тенок слој без да се вртат и мора да бидат целосно здрави и неповредени. Најчесто се користат за чај, а успешно лекуваат акутен гастритис, разни заболувања на дигестивниот систем, а исто така се препорачуваат и на дијабетичари.
Свежите лисја, лекуваат катаракта на око, хроничен егзем, шуга, мозолчиња и гно-јни и загадени рани. Оревите кои се собираат во пролетта, исто така се користат за подготовка на разни препарати кои спречуваат кр-варење, исе-ченици, хемороиди, дијареја и дизентерија.
Младите зелени ореви (собрани во јуни и јули) најчесто се користат за подготовка на ореовица која се препорачува за анемични лица, слаби деца и лица со чувствителен желудник.
Сокот од орев се собира во пролетта од гранките, кои претходно се излупени, а се меша со шеќер и се користи за чистење на кр-вта. Пролетните пупки се направени од маст која ако се издвои, претставува многу ефикасен лек за опаѓање на косата. Кората, како и лисјата од ореви, се испробан и проверен лек против глисти – советуваат од Современо Земјоделство.мк
ликер од ореви
ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА НА ТВРДАТА ЛУШПА
Иако се чини дека тврдата лушпа во која безбедно се чува јатката на оревот, е целосно беспотребна затоа што не може да се јаде, сепак таа содржи извесни лековити својства. тврдата обвивка од јаткастите ореви е доста богата со биолошки активни соединенија, вклучувајќи:
0,81% маснотии; 2,53% протеини; 35,64% од екстрактивни материи; 60,90% растителни влакна; 1,64% пепел. Составот на лушпата од орев содржи алкалоиди и аминокиселини, кумарини, фенолкарбоксилни киселини. Кога оревовата лушпа се загрева во некоја течност, од неа се ослободуваат биоактивни компоненти кои на препаратот му даваат антибактериски, регенеративни и антиинфламаторни својства.
Тинктурата од ал-ко-хол на пример, се користи како облога за проширени вени. Традиционалната медицина ја користи водата од сварена лушпа и инфузија приготвена од водка со мелени лушпи, како лек за тромбоза и други проблеми на васкуларниот систем, на пример, со хипертензија.
Се верува дека лушпата од ореви помага при женски заболувања од воспалителна природа. Лушпите се натопуваат во вода и се варат додека течноста да добие убава кафеава нијанса.
Обично, потребни се околу 15 минути за да се подготви овој лек. Се користат чисти оревови лушпи без траги од габи или мувла. На една чаша вода се ставаат 40 грама лушпа. Кога ќе се свари, течноста се остава да излади, па се процедува и разредува со зовриена вода пред употреба. Со оваа течност може да се четкаат забите за да се отстрани забниот камен, на пример.
ЛЕК ЗА БОЛКИ ВО УВОТО СТАР 200 ГОДИНИ
Еден орев внимателно се отвора на половина, со нож, се вади јатката од едната половина а лушпата се полни со масло. Внимателно се става на загреана рингла да врие околу 1-2 минути, притоа внимавајќи да не се истури маслото.
Лушпата од оревот ќе испушти јод кој ќе се соедини со маслото а со тоа ќе се зголеми лековитоста на маслото. Се собира со шприц и внимателно се капнува во болното уво. Болката веднаш се смирува. Се користи било какво лековито масло, но најдобро е кантарионовото./Извор мое здравје