Приказната за Лиза Фернс (49) од англискиот град Кирби беше во центарот на вниманието на медиумите на почетокот на годината.

Една жена купувала по 100 краставици секоја недела во познат трговски синџир, а потоа и рекле дека повеќе не може да го прави тоа.

Мајката на две деца за локалните медиуми изјавила дека и пришол менаџерот на продавницата и и „забранил“ да купува краставици.

„Секоја недела, веќе три години доаѓам во продавница во 10 часот наутро, бидејќи ми требаат свежи краставици. Менаџерот истрча одзади, рече дека купувам премногу овошје и зеленчук и дека не може така“, рекла таа еднаш.

Advertisement

Таа се пожалила дека морала да посети три различни продавници за да ги земе краставиците, објави Дејли Стар.

Лиза го користи популарниот зеленчук за да ги направи соковите за детоксикација што ги продава. Таа откри дека секоја недела троши околу шеесет евра на шопинг.

„Луѓето обично ме гледаат чудно и веројатно прашуваат „што правиш“, додаде таа.

Откако приказната на Лиза се појави во медиумите, се огласи и претставник на малопродажниот синџир, кој посочи дека тие не се продавачи на големо.

„Како супермаркет сакаме да обезбедиме сите клиенти да имаат пристап до производите што им се потребни и затоа, за жал, не можеме да го олесниме купувањето на големо.

Advertisement