Одлично за појадок или вечера

Состојки: 15 гр квасец, 300-350 гр брашно, 200 гр чварки, 1 лажичка шеќер, малку сол, 1 жолчка.

Подготовка: Квасецот потопете го во малку млака вода, додадете шеќер, а кога квасецот ќе се растопи додадете кисело млеко и брашно и замесете помеко тесто.

Оставете го малку да порасне, па развијте го што е можно потенко и посипете со мелени чварки. Преклопете го тестото неколку пати, па развлечете го со дебелина на прст и исечете ги колачите.

Advertisement

Оставете ги во тавата да нараснат, премачкајте ги со жолчка и посипете ги со сусам. Се пече на 200 степени околу 25-30 минути.

Advertisement