Иако повеќето луѓе користат спреј само за обликување на косата, ќе се изненадите кога ќе видите какви функции може да има.

Лакот за коса освен што служи да ви ја зацрврсти фризурата, истовремено може да биде корисен и за други нешта во домот, со што ќе ви се заштедат време и пари.

ГО ПРОДОЛЖУВА ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА БОЖИЌНИОТ ВЕНЕЦ

Венците од свежи гранки брзо се сушат, а токму лакот за косата ќе ви помогне подолго време да остане свеж со што ќе ја зачувате новогодишната магија во домот.

Advertisement

ЈА ПРОДОЛЖУВА СВЕЖИНАТА НА ЦВЕЌИЊАТА

Луѓето кои имаат цвеќе сакаат да им трае и мириса подолго во куќата и секако да им биде декорација. Затоа користете лак со кој ќе го напрскате цвеќето и така подолго ќе остане свежо.

ГО ЗАБРЗУВА СУШЕЊЕТО НА ЛАКОТ ЗА НОКТИ

Немате време да чекате да ви се исуши лакот за нокти? Тогаш испрскајте ги со лак. Со лакот може да ја фиксирате и шминката.

ЧИСТАТ ДАМКИ ОД МАСТИЛО

Ако сте биле невнимателни со пенкало односно мастило, тогаш лакот е решението за вас. Попрскајте ја површината која е исфлекана со лак и за некое време ќе избледи.

ГИ ПОДМЛАДУВА ЗАВЕСИТЕ

Ако сакате завесите да ви изгледаат како нови, напрскајте ги со лак за коса.

Лакот исто така ги одбива инсектите, ги штити уметничките дела и ги фиксира шнолите на коса, па затоа прво треба да ги испрскате со лак па да ги ставите.

Погледнете го видеото сигурни сме дека ќе бидете воодушевени:

Advertisement