Повеќе ја ценат искрената честитка и восхитот за храброста што ја покажале. Зашто, како поинаку да се објасни ситуација во која жена на 57 и маж на 69 години првпат стануваат родители?
Луѓето им зборувале дека се луди, себични и непромислени – што ќе им е дете во овие години, што ќе биде кога нив повеќе нема да ги има… Но, Соња и Марко одамна се навикнале на такви коментари.
Нивната ќерка се родила пред нешто помалку од шест месеци, а денес живеат во селото Грбавци, во близина на Подгорица, Црна Гора.
Во брак се 23 години, а во еден момент дури и се откажале од желбата да добијат дете.
– Отидовме на лекари, но ништо не помагаше. Во еден момент целосно се откажавме. Но, нашата блиска пријателка Зденка Живковиќ повторно нè охрабри – раскажала Соња.
– Никогаш нема да го заборавам моментот кога сопругот ги донесе резултатите. Кога ги видов бројките, почнав да скокам од радост, плачев, викав и се смеев во исто време. Марко едвај ме смири. Тоа навистина беше прекрасен миг – додала Соња.











