Св. Никола, кој во најголем број домаќинства го слават како слава и кој е инспирација за легендата за Дедо Мраз, најверојатно изгледал токму онака како што сте го замислиле.
Новите високотехнолошки прикази го откриваат вистинското лице на Свети Никола , архиепископ од Мира од Ликија , христијански светец на традиционалните цркви, околу 1.700 години по неговата смрт.
Научниците користеле податоци од черепот на Св. Николај Чудотворец од Мирликија , чија наклонетост кон подароци ја инспирираше легендата за Дедо Мраз , со цел „форензички да го пресоздаде“ неговото лице.
Како што е прикажано со овој проект, светецот кој живеел кон крајот на третиот и почетокот на четвртиот век имал широко чело, тенки усни и заоблен нос, засновани на „статистички проекции“ и „уметнички толкувања “, вели водечкиот автор на студијата Цицеро Мораес. Бразилскиот 3Д дизајнер, кој е заштитно лице на Св. Никола го опиша како „силен“ и „нежен“.
– Черепот има многу робустен изглед, создава силно лице, бидејќи димензиите на хоризонталната оска се поголеми од просекот – објасни тој. – Оваа карактеристика во комбинација со густа брада сосема потсетува на фигурата што ја имаме на ум кога мислиме на Дедо Мраз.
Проучувајќи ги посмртните останки на св. Никола, исто така, откри дека страдал од хроничен артритис на ‘рбетот и карлицата, и дека задебелувањето на черепот најверојатно предизвикува чести главоболки, вели Мораес.