Многу е важно да консумирате домашни супи и чорби во текот на зимскиот период бидејќи не само што го топлат организмот, туку и го штитат од настинки и вируси.
Денеска ви претставуваме рецепт за вкусна крем чорба од печурки и костени во која со сигурност ќе уживате:
- Потребни состојки:
- 450 гр. печурки
- 250 гр. печени костени
- 1 кромид
- 3 чешниња лук
- 2 компири
- 2 лажички путер
- 2-3 лажички маслиново масло
- 5 шолји бујон од зеленчук или вода
- 1 лажичка ким
- мајчина душица
Начин на подготовка:
1. Во поголемо тенџере на оган ставете го путерот и маслиновото масло, а потоа додајте го исечканиот кромид и динстајте околу 5 минути.
2. Потоа додајте го и исечканиот лук, ситно исечканите печурки и мајчината душица. Динстајте со повремено мешање, околу 10 минути, се додека печурките не омекнат.
3. Додајте малку масло, а потоа додајте ги и костените па динстајте уште 2 минути.
4. Во тенџерето додајте ги исечканите компири, бујонот од зеленчук и промешајте, па додајте и сол и црн бибер.
5. Кога ќе започне да врие, поклопете го тенџерето, намалете го огнот и варете 25-30 минути.
6. Тргнете го тенџерето од оган и изблендирајте ја смесата со рачен миксер.
7. Вратете го тенџерето на оган, додајте го кимот и промешајте, а потоа варете уште 5 минути.