Лековитата вода извира кај Прешево, а се повеќе ја посетуваат Албанци од југот на Србија и Срби од косовскиот дел.
На административниот премин спрема Косово, луѓето застануваат, полнат балони од водата, затоа што веруваат дека од каменот тече лековита вода за разбивање и исфрлање камен од бубрег, за подобрување на видот, а исто така помага и на луѓе кои имаат главоболка. Граѓаните од Церевајка и околните села зборуваат дека водата лечи и хемороиди.
Многу години наназад патев поради камен во бубрег. Го послушав комшијата и почнав да ја пијам оваа лековита вода. Еве веќе две години каменот го немам повеќе, а јас сум толку среќен што повеќе не чувствувам никаков проблем, изјави Неџат Ајдини од Прешево.
Од каменот тече вода која прави чуда. Лечи главоболка и го подобрува видот.
Манастирот Ѓунис во Нишката епархија прави чуда. Неми прозборуваат а неподвижните епроодуваат.
Кладенецот е во камен на висина од 15 метри, а водата е спроведена со црево. Каменот има два отвора, од едниот отвор тече вода од црквата св. Петка, а од другиот отвор извор од лековита вода.
Исто така чудотворна вода се наоѓа и во манастирот Ѓунис во нишката епархија. Водата прави чуда. Од неа немите прозборуваат, неподвижните проодуваат.
Легендата со настанувањето на манастирот познат по чудата се поврзува со дамнешните времиња и појавувањето на Мајката божја и изворот на местото каде е манастирот. Богородица прикажала 13-годишно девојче под кое се отворил изворот на лековитата вода.
Мајката Божја го благословила изворот кој денес лекува многумина и му рекла на детето да пренесе на сите на местото да се изгради црква. Оваа легенда потекнува од 1898. година.