Јадење што задолжително мора да го пробате – ќе ве воодушеви!
Состојки:
- 7-10 пиперки бабури
- 300 г тиквички
- 2 јајца
- 500 г сирење
- 3-5 чешниња лук
- магдонос по вкус
- 1 домат
Приготвување:
Измијте ги и исчистете ги пиперките. Изматете ги малку јајцата, па додајте го здробеното сирење. Исчистете ги тиквичките и исечкајте ги на мали коцки, па сипете ги во чинијата со јајца. Потоа, додајте го лукот и ситно исечканиот магдонос, па сето тоа убаво промешајте.
Advertisement
Потоа, полнете ги пиперките и редете ги во сад за печење, кој претходно сте го премачкале малку. Исечете го доматот на кругови, па наредете ги помеѓу пиперките. Ставете ги да се печат 200 степени околу половина час (ако премногу горат, покријте ги со фолија или со хартија за печење).
Advertisement