Многумина не знаат дека апиринот може да се користи како фантастична состојка во маските за лице.

Маска со аспирин и лимон

Ти треба:

– 3 аспирини
– 3 супени лажици сок од лимон

Advertisement

Подготовка:

Растворете го аспиринот во сокот од лимон и добро измешајте и направете паста. Добро измијте го лицето, нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 10 минути, а потоа измијте го лицето со многу вода.

Маска од мед, јогурт и аспирин

Ти треба:

– 4 аспирини
– 1 лажица јогурт
– 1/2 лажица мед

Подготовка:

Аспиринот исечкајте го додека не стане прашок и измешајте со останатите состојки. Пред да ја нанесете оваа маска, ставете крпа со топла вода на лицето, за да ги отворите порите.

Кога ќе го направите тоа, исушете го лицето и оставете ја маската да делува 30 минути, а на крајот измијте го лицето со млака вода.

Резултатот ќе ве воодушеви!

Advertisement