Најголемиот проблем што го имаме со нашите стапала е тоа што кожата на нашите пети почнува да пука и станува многу сува.
Причините кои доведуваат до овие проблеми секако се носењето неудобни чевли, потоа недоволната лична хигиена, лошата исхрана.
Луѓето се обидуваат на различни начини да ги отстранат овие проблеми, а многумина не успеале. За да ги отстраните испуканите петици, пченките или проширените вени, треба да го подготвите лекот според овој рецепт.
Потребни состојки:
- 10 таблети аспирин
- 250 мл алкохол (задолжително 70 проценти)
- лажица куркума
Подготовка:
Во еден сад измешајте една лажица куркума со таблети аспирин и 250 мл 70 отсто алкохол и убаво измешајте, па оставете ја смесата да отстои 48 часа.
Смесата што сте ја направиле нанесете ја на стапалата и потоа ставете памучна крпа преку неа. Потоа облечете пластична фолија, а потоа облечете чорапи. Оставете да делува цела ноќ, а потоа измијте ги нозете наутро и исушете ги
Природните лекови на нашиот портал служат за помош на луѓето. Доколку имате здравствен проблем, прво нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар.
Во никој случај не треба да се потпирате на алтернативна медицина без стручен совет.