Овој напиток се препорачува да го пијат сите оние што имаат проблем со ’рбетот, зглобовите или со коските, бидејќи тоа буквално помага во „подмачкувањето“ на ’рбетот и на зглобовите, но и на целото тело. Покрај тоа, ова златно млеко позитивно влијае и врз одржувањето на здравјето на дебелото црево и важи за одлична превенција на појавата на рак на дигестивниот систем.

Златното млеко што кај нас е многу малку познато, во руската народна медицина се користи со години наназад и е исклучително корисно и важно да се консумира. Со редовно пиење на овој напиток, многу брзо ќе му се зајакне имунитетот на вашето дете, а исто така ова млеко ќе помогне и во правилниот раст и развој.Покрај тоа што овој според многумина „совршено здрав напиток“ е препорачлив за децата над тригодишна возраст, многу бенефити од неговото редовно консумирање ќе почувствуваат и сите луѓе независно од возраста.

Болки во коските и во мускулите
Имено, златното млеко се препорачува да го пијат сите што имаат проблем со ’рбетот, зглобовите или со коските, бидејќи тоа буквално помага во „подмачкувањето“ на ’рбетот и на зглобовите, но и на целото тело. Покрај тоа, ова златно млеко, позитивно влијае и врз одржувањето на здравјето на дебелото црево и важи за одлична превенција на појавата на рак на дигестивниот систем.

Овој лековит напиток поволно влијае и врз работата на слезинката, а истовремено помага и во детоксикацијата на целиот организам. Исто така, многупати досега било докажано дека златното млеко го зајакнува имунитетот и тоа многу побргу од сите други намирници што претходно сме ги внесувале во вид на храна и сето тоа поради многубројните антиоксидативни својства што ги поседува.

Advertisement

Напиток што изобилува со калциум
Па така, доколку сте во потрага по здрав напиток за вашите малечки, имајте на ум дека златното млеко во својот состав изобилува со калциум и многу помага во правилниот раст и развој на децата.

Инаку, подготовката на овој напиток е исклучително едноставна. Првиот чекор за да го подготвите е на правилен начин да направите еден вид паста од куркума. За да го подготвите овој напиток, потребни ќе ви бидат следните состојки:

  •  куркума
  • млеко
  • црн бибер
  •  маслиново масло или кокосово масло
  • Паста од куркума
    Пред да започнете со подготовката на златното млеко, потребно е да научите да подготвувате и тоа во домашни услови – паста од куркума. За да ја направите успешно, потребни ќе ви бидат 150 мл вода, во која ќе додадете 40 гр куркума во прав и малку црн бибер. Потоа се додава црн бибер, бидејќи со него сите лековити својства што се присутни во составот на куркумата неколкукратно се зголемуваат.

    Откако сите состојки ќе ги ставите во сад, убаво промешајте. Потоа оставете ги намирниците да започнат да се врзуваат една со друга. Повремено промешувајте. Оваа постапка треба да трае од 8 до 10 минути. На крајот треба да добиете густа смеса, односно ќе знаете дека смесата е готова кога ќе добие текстура слична на згуснат јогурт. Доколку, пак, смесата е погуста од онаа што сте посакувале да ја направите, во тој случај слободно додајте малку вода. Пастата слободно можете да ја направите и во поголеми количини бидејќи во фрижидер можете да ја чувате и до 40 дена а притоа воопшто нема да изгуби од квалитет.

    Подготовка на млекото
    За да направите една доза од златното млеко, потребно е:

    • 250 мл млеко
    • 40 мл нерафинирано бадемово масло
    • 20 гр мед
    • Подготовка:

      Најпрвин ставете го млекото во тенџере на оган. Откако млекото ќе почне да врие, додајте го бадемовото масло. Оставете го да поврие уште неколку минути. Потоа течноста ставете ја во чаша и додајте мед. На крајот ставете една лажичка од претходно подготвената паста од куркума. Сето тоа убаво измешајте го.

      Златното млеко се пие на празен стомак и тоа веднаш штом ќе се разбудите. Оваа процедура трае максимум 40 дена, а се практикува двапати годишно.

      Advertisement