За оваа храна во последно време се почесто се зборува, а нејзините лековити ефекти се докажани со различни истражувања.
Просото е најефективниот, а воедно и најевтин лек за сите оние кои имаат проблеми со бубрезите . Оваа евтина житарка може да се најде во секоја продавница за здрава храна, а бидејќи се користи за лекови, треба да купите најквалитетна и по можност органска.
Имено, просото за две недели го решава проблемот со болните бубрези, исфрла песок и ја отстранува инфекцијата. Сепак, просото е одлична храна и за анемични луѓе, а добра храна е и за сите кои страдаат од гастритис . За оваа храна во последно време се почесто се зборува, а нејзините лековити ефекти се докажани со различни истражувања.
Пијалак за бубрези
Навечер во подлабок сад ставете 200 грама просо и прелијте го со два литра вода. Наутро вишокот бела вода што просото не го впие полека процедете го во посебен сад.
Оваа вода се пие како лек во текот на денот во количина која е пријатна за организмот. По две недели редовно консумирање на вода добиена од просо, бубрезите треба да бидат во неспоредливо подобра состојба, воспалението да исчезне, камењата и песокот да се исфрлат, а бубрезите да се регенерираат.