Слушајте што ви кажуваат ѕвездите, ќе ви се исплати!
ОВЕН
Не ви претстои особено поволен период. Можеби ќе имате некои проблеми во комуникацијата со соработниците. Можно е да почувствувате доза на непријателство во односите со колегите.
На љубовно поле ве очекуваат можни проблеми со љубомора, како да не ви е лесно да воспоставите атмосфера на меѓусебна доверба со саканата личност и да се сомневате во се.
БИК
Ви претстои поволен период во кој ќе имате можност да ги направите посакуваните промени на деловното поле. Среќата ве придружува и на некој начин преземате иницијатива околу работата.
Кога станува збор за љубовта, имате искрен однос со партнерот и сакате вашата врска да оди во една добра насока. Доколку сте слободни, новите познанства доаѓаат преку пријателите или преку работата.
На полето на здравјето оваа недела нема да имате проблеми. Имате многу добра енергија во себе и сте расположени.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекува недела во која ќе имате многу нови настани и промени на деловното поле. Ќе се трудите да се вклучите во се што се случува околу вас.
На љубовно поле ќе бидете поврзани со личност која е поврзана со странство или живее далеку. Можна е врска на далечина или ако веќе сте во врска, тогаш би можеле да планирате патување со партнерот.
На полето на здравјето ве очекува генерално поволна фаза. Ќе уживате да бидете физички активни и редовно да спортувате.
РАК
Влегувате во фаза на неочекувани промени. На полето на работата би можеле да имате промени поврзани со заработката и финансиите. Ова не е добра недела за нови инвестиции или поголеми деловни трансакции.
На љубовно поле ве очекува нестабилна ситуација со личноста за која се грижите. Можно е да биде на работ на прекин или да има некои нови проблеми и кризи меѓу вас.
Кога станува збор за здравјето, можете да бидете склони кон голем број проблеми со стресот. Разговарајте со вашиот лекар за сè што ве мачи.
ЛАВ
Пред вас е период кој може да биде доста стресен на деловно поле. Можно е да имате раскин на договор или раскинување на работен однос, промена, отказ и големи промени.
На љубовно поле сте посветени на партнерот, но во врската владее тензија и не ви е лесно да ја стабилизирате врската. Доколку сте слободни, не е добра недела за започнување врска.
На полето на здравјето ве очекува период во кој можете да бидете склони кон проблеми со бубрезите и органите за излачување на течности.
ДЕВИЦА
Ве очекува период во кој ќе бидете малку под стрес, ќе имате многу деловни обврски и ќе ви биде многу важно да ги завршите сите навреме. Оваа недела може да ве следи тензија.
Ве очекува фаза во која и вие ќе бидете некако напнати и несигурни на љубовно поле. Можно е многу работи на ова поле да не одат во насока во која се надевате и тоа да ви создаде неизвесност. Ако си слободен, ти се враќа личност од минатото.
На полето на здравјето ве очекува период во кој би можеле да имате здравствени проблеми. Падот на имунитетот е пред вас, ќе бидете подложни на разни тешкотии.