Полицијата открила напуштено возило, додека жената тргнала да најде гориво.

Жена од Тенеси, која беше принудена да го напушти возилото откако и остана без бензин на мостот Мемфис, е уапсена и обвинета за поседување марихуана, откако органите на редот го прегледале нејзиниот напуштен автомобил.

Полициската управа во Мемфис во понеделникот соопшти дека ја уапсила 54-годишната Кетрин Мардесик, која се товари за кривично дело поседување контролирана супстанција, марихуана.

Полицајците добиле пријава за напуштен автомобил на патеката. Кога дошле да го отстранат, во тој момент се појавила Кетрин која била возачката и објаснила дека останала без гориво.

Advertisement

Полицијата во Мемфис соопштила дека ќе го прегледа автомобилот, но Кетрин не им дозволила да влезат и реагирала прилично панично.

Тогаш полицијата сфатила дека нешто не е во ред, а кога конечно влегле, почувствувале мирис на сирова марихуана, која подоцна ја пронашле и Кетрин Мардесик била приведена.

При претрес на возилото, пронајдени се близу сто килограми марихуана, сместени во неколку кутии и кеси. Во автомобилот била пронајдена и поголема сума на пари.

Бидејќи возилото било на територијата на Мемфис во моментот на откривањето, Кетрин била пренесена во затворот во округот Шелби, Тенеси.

Advertisement