Ловорот е многу честа состојка во многу домаќинства, но многумина не се свесни дека неговите листови се исклучително корисни и може да се користат за подготовка на лековито масло кое на многу начини го подобрува здравјето.




Некои од лековитите својства на ловоровите лисја:
- Го зајакнува имунитетот
- Го чисти дебелото црево
- Го смирува нервниот систем
- Стимулира потење
- Ја забрзува активноста на мозокот
- Ги смирува болките во зглобовите и ги лекува проширените вени




Еве како да направите масло од ловоров лист:




Компоненти:
- 30 грама ловорови листови
- 250 мл маслиново масло
Начин на подготовка:
Изгмечете ги листовите и прелијте ги со маслиново масло. Префрлете ја смесата во стаклено шише и добро затворете. После тоа, чувајте го шишето на темно и ладно место следните две недели, повремено тресејќи го шишето.




По 14 дена исцедете го маслото со газа и истурете го во соодветен сад и чувајте го на темно место.
Ова масло може да се користи за масажа на болни зглобови. Само загрејте го на пареа и втријте го на болните места.
Може да лекува и тешки главоболки ако го масирате маслото во слепоочниците.




Го стимулира апетитот и ги смирува болките во стомакот и цревните проблеми.
Ако се користи како лосион, ова масло може да лекува акни и разни кожни заболувања.




Ова масло ќе ги ублажи и болките во увото и мигрената, а можете да го користите и за намалување на телесната температура, наместо аспирин. Покрај тоа, ги нормализира функциите на црниот дроб и бубрезите.