Не сум била на лекар во последните 40 години благодарение на овој лек – ова е мојот рецепт

Нaјчестите посети на амбулантите и матичните лекари се поради настинки. Овој природен лек ќе ви помогне да ги ублажите симптомите од воспаление на грлото, а потоа и да го излечите.

Брзо и едноставно решение кое ќе ве ослободи од главоболката и кашлицата. Многу лесно е да се подготви, а исто така и многу вкусен. Сите состојки кои ви се потребни, се лесно достапни.

Потребни состојки:

Advertisement
  • Шеќер
  • Вода
  • Лимон
  • Мед
  • Ѓумбир
  • Каранфилче
  • Шеќер во прав

Подготовка:

Полна шоља шеќер и една шоља вода ставете во тенџере. Додадете сок од половина лимон, 1 лажица мед, малку рендан ѓумбир и каранфилче.

Ставете на оган, промешајте и оставете да зоврие, потоа намалете ја јачината и постојано мешајќи, варете уште 15 до 20 минути.

Смесата треба да биде густа и темна како сируп. Кога малку ќе се олади, на плех ставете хартија за печење, а потоа со лажица, од смесата формирајте бонбони.

По 20 минути, кога бонбоните ќе се оладат, преку нив можете да наросите шеќер во прав. Тоа ќе помогне да не се лепат една со друга. Сега имате природни лековити бонбони!

Како се консумираат?

Можете едноставно да ги топите во уста, или пак, да ги ставате во вода и кога ќе се растопат да ја испиете течноста.

Advertisement