По млекото од соја и бадем, се појави уште едно млеко за кое интересот полека но сигурно расте.

Кога една шведска компанија произведе млеко од компири, се крена врева. Швеѓаните го пијат за долговечност, велат дека е одличен извор на влакна, витамин Б12, железо и фолна киселина. Заедно со сојата и бадемот зазема високо место на листата на најбарани, а се продава во три варијанти: оригинална, бариста и незасладена. Цената на млекото се движи од 3 до 5 евра.

Рецептот е земен од професорката Ева Торнберг од Универзитетот Лунг, која произведе невообичаено вкусна и кремаста „емулзија од компир“ во 2017 година. Производителите тврдат дека ова млеко е добар извор на витамин Ц, калиум, магнезиум и антиоксиданси и дека е најмалку штетно за животната средина од сите билни пијалоци. Млекото од компир содржи помалку шеќер и масти и не содржи вообичаени алергени. Затоа е одличен избор за луѓе кои се чувствителни на лактоза, глутен или јаткасти плодови.

Што велат експертите за ова млеко? “Еден голем предизвик со домашните млека од растително потекло е тоа што им недостига збогатување со други хранливи материи што ги има кравјото млеко или други растителни млека купени во продавница. Важно е да ги добивате витамините од друга храна или додатоци”, предупредува Кетрин Перез. вегански диететичар.

Advertisement

Како да се направи ова млеко?
Излупете ги компирите и сварете ги. Кога ќе бидат готови, ставете ги во блендер. Додадете половина вода и малку мелени бадеми, ако сакате. Додадете прстофат сол и природен засладувач. По желба додадете малку екстракт од ванила. Сето тоа изблендирајте го и ставете го во сад. Целиот процес можете да го погледнете во видеото:

Advertisement