Дали знаете дека постои печурка која е толку скапа што само еден килограм чини колку луксузен стан во Скопје?
Ако веќе сте почнале да планирате жетва што ќе ви ги реши сите финансиски проблеми, мора да ве разочараме – патот до него е долг, скап и многу опасен.
Станува збор за печурка наречена Кордицепс или како што мештаните ја нарекуваат „Јарсагумба“.
Тоа е најскапата печурка која се користи за медицински цели, а наводно е толку ефикасна што практично има магична моќ. Некои дури веруваат дека лекува импотенција, рак и астма.
И не само што лекува, туку е и исклучително скапа. Дури, поскапо од златото. Само еден килограм чини дури 100.000 долари на азискиот и американскиот пазар, пишува Би-Би-Си.
Секоја година собирачите на оваа габа патуваат илјадници километри за да стигнат до неа, ризикувајќи ги своите животи.
Бидејќи расте исклучиво на недостапни делови, берачите ризикуваат сериозни повреди, па дури и смрт. Од падови на стрмен терен, до обилни лавини, има многу опасности.
Сепак, сиот овој ризик не им носи богатство. Напротив. За секое собрано парче им биле платени само од 3,5 до 4,5 долари.
Иако се работи за мала сума, за луѓето кои живеат во овие недостапни краишта, тие пари значат храна и нова облека.
Од оваа печурка тие заработуваат 56 отсто од годишниот приход.