Калциумот е важен минерал кој ги штити нашите коски и ја спречува остеопорозата

Калциумот е неопходен за здравјето на коските, а е познат главен минерал во борбата против остеопорозата, па затоа е важно да го имаме доволно во организмот.

Постојат намирници кои се богати со калциум и кои треба да се користат во исхраната. Нутриционистите наведуваат кои пет намирници се особено богати со овој минерал.

1. Јогурт

Advertisement

Една чаша јогурт со малку маснотии има близу 450 милиграми калциум, што е околу 42 отсто од препорачаната дневна доза на овој минерал. Јогуртот е подобар од млекото, бидејќи содржи повеќе калциум. имено, една чаша обезмастено млеко содржи околу 300 милиграми.

2. Цврсти сирења

Многу нутриционисти ги сметаат за еден од најдобрите извори на калциум, но предупредуваат дека треба внимателно да се консумираат. Овие млечни производи содржат и висок процент на масти, па затоа не се препорачува претерување со сирење во исхраната.

3. Соја брашно

Соиното брашно, но и тофуто се одличен извор на овој минерал. Една порција тврдо тофу содржи околу 250 милиграми калциум, а оваа храна може да го замени и месото, па нутриционистите препорачуваат да го вклучите во исхраната.

4. Риба
Особено здрава риба полна со калциум е морската сол. Најдобар избор се сардините кои можете да ги јадете со коски, благодарение на кои ќе внесете дополнителна доза од овој минерал во организмот.

5. Сушено овошје

Меѓу сувото овошје, смоквите, сливите и урмите се секако најголемиот извор на калциум. Овој минерал го има и во сусамот, но и во многу јаткасти плодови.

Advertisement