Уринарните инфекции можат да се јават во подрачјата на долниот и горниот уринарен тракт. Симптомите на инфекција на долниот уринарен тракт вклучуваат често и болно мокрење, чудно обоена урина и мала болка во стомакот. Симптомите на уринарна инфекција на горниот тракт или бубрежна инфекција вклучуваат болка и чувствителност во горниот дел од стомакот, треска, мачнини и повраќање.
Во продолжение ви претставуваме 3 билки кои отсекогаш важеле за феноменални природни лекови за уринарни инфекции:
Магдонос
Овој чај можеби не може да се пофали со прекрасен вкус, но секако може да се пофали со својата делотворност. Чајот од магдонос е одличен за детоксикација на телото, но ги елиминира и бактериите кои го инфицираат уринарниот тракт и ја нарушуваат работата на бубрезите и мочниот меур.
Подготовка на чај од магдонос: Прелијте 2 супени лажици свежи листови магдонос со 200 милилитри врела вода, оставете да отстои 10 минути и пијте по секој оброк.
Мечкино грозје
Мечкиното грозје, народно познато како увин чај, е можеби најпознатото растение во борбата против уринарни инфекции. Мечкиното грозје делува антибактериски и со тоа успешно ги елиминира причинителите на болести.
Подготовка на увин чај: Прелијте една лажица сушени листови увин чај со 250 милилитри зовриена вода, процедете по 15 минути и испијте.
Брусница
Сокот од брусница многу често се препорачува во борбата против уринарни инфекции, но чајот е многу подобро решение. Овој чај одлично се бори против инфекциите на уринарниот тракт и тоа на потполно природен начин.
Подготовка на чај од брусница: Прелијте 8 ќесички брусница со 2 литри зовриена вода, процедете по 15 минути и пијте неколку пати во текот на денот.