Овие 3 намирници ни го скратуваат животот, а ние не ни помислуваме на тоа

Ако говедското, пилешкото и млечните производи се секојдневен дел од вашата исхрана, можеби е време да ја преиспитате исхраната и да го намалите внесот на овие намирници. Според студијата на истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот Пен Стејт во Херши, Пенсилванија го скратува животот.

Која е најлошата храна за срцето?
Потенцијалната опасност од нивното консумирање лежи во фактот што содржат штетни сулфурни амино киселини. Научниците заклучиле дека консумирањето големи количини на овие киселини може да доведе до поголем ризик од кардиоваскуларни болести и смрт.

Експертите ги анализираа резултатите од две студии во кои беа вклучени речиси 120.700 учесници. Тие заклучија дека оние кои консумирале сулфурни аминокиселини во двојно повисоки дози од дозволените имале 12% поголем ризик на годишно ниво за развој на кардиоваскуларни болести и 28% поголем ризик од смрт во периодот на 32-годишна студија.

Advertisement

Истражувачите, исто така, заклучија дека повеќето сулфурни амино киселини се добиваат преку консумирање на говедско, пилешко и млечни производи.

Нутриционистката д-р Лиза Јанг за онлајн изданието „Јади ова, не тоа!“ изјави дека типичната американска диета ги докажува овие тврдења. Студијата, исто така, покажува дека здравата исхрана за срцето треба да вклучува повеќе овошје и зеленчук и растителни протеини како грав и јаткасти плодови наместо месо и млечни производи.
Не мора целосно да ја елиминирате храната богата со сулфурни аминокиселини, како што се месото и млечните производи, но треба да се фокусирате на создавање здрави модели на исхрана“, вели д-р Јанг.

Важно: Написот е за информативни цели и информациите дадени во него не можат да ја заменат консултацијата со релевантниот специјалист – лекар или нутриционист!

Advertisement