Иако на нашите трпези позастапена е зелената зелка, ни црвената воопшто не е за потценување. Црвената зелка има трипати повеќе витамин Ц и од портокалот и ја задоволува потребата од 85 отсто од дневниот внес на витамин Ц.

Благодарение на големите нутритивни вредности, црвената зелка превенира рак, го намалува холестеролот, ги елиминира токсините, го намалува развитокот на Алцхајмерова болест, а исто така ги „чува“ и очите и коските.

Црвената зелка е вистински „чистач“ на цревата, а овој здрав производ ги намалува холестеролот и крвниот притисок, па би требало што почесто да ја јадат оние кои боледуваат од хипертензија и на оние кои им се заканува ризик од затнување на крвните садови.

Advertisement