Постојано можеме да прочитаме некоја статија која пишува за предностите на лимонот и медот, а девојката по име Кристал Дејвис одлучила самата да ја испроба оваа комбинација и да провери дали е се` онака како што пишуваат медиумите.
Кристал во период од една година пиела топла вода со лимон и мед за да види дали оваа комбинација ќе го подобри нејзиното здравје.
Резултатите толку ја изненадиле, што овој пијалок им го препорачала и на пријателите.
Лимонот и медот се користат како природен лек против грип и настинка веќе со години, но не ја разбираат сите науката зад нивната делотворност. Медот е природен лек поради своите антибактериски својства кои го зајакнуваат имунитетот и го забрзуваат времето потребно за телото да закрепне.
Лимоновиот сок содржи голема количина на витамин Ц кој исто така го чува нашиот имунолошки систем и ни помага побрзо да се излекуваме.
Кога ги комбинираме овие две состојки се многу делотворни. Но, оваа девојка открила дека тие можат многу повеќе од горенаведеното.
Експеримент
Кристал во текот на целиот живот имала проблеми со болести и секогаш се обидувала да ги реши со лекови од аптеки. Меѓутоа, откако секое утро на празен стомак почнала да пие мед и лимонов сок, открила многу подобрувања:
» Наутро имала повеќе енергија и престанала да пие кафе за да биде будна во текот на денот.
» Повеќе немала проблеми со инфекции на уринарниот тракт бидејќи оваа комбинација делува како природен диуретик и така го стимулира исфрлањето на токсичните работи од организмот.
» Забележала дека нејзината кожа станала значително подобраи посјајна. Медот го подобрува производството на колаген, додека лимоновиот сок ја прочистува крвта – што доведува до поубав изглед на кожата.
» Млаката вода со лимон и мед исто така помага во губењето на килограмите.
Рецепт
Ако и самите сакате да ги испробате овие тврдења, направете го следното: исечете го лимонот на половина и земете една половина. Од неа исцедете го сокот и додадете лажичка мед. Потоа, оваа мешавина прелијте ја со топла вода.
Иако ефектите нема да бидат видливи за една ноќ, за неколку недели ќе забележите дека вашиот имунолошки систем ќе се подобри, заедно со сите други работи кои ги наброи Кристал.