Денес православниот свет го слави Светецот Василиј Острошки. Светец кој на многумина им помогнал според сведочењата на посетителите.

-Поминаа три години откако на сон ми се јави Свети Василиј Острошки и од тогаш не поминува ден, а да не се помолам и да го замолам и понатаму да ме чува.

Неговата слава е голема, а милоста уште поголема!

Еве како изгледал сонот кој го сонувала оваа Србинка.

Advertisement

– Зад мене остана една напорна година, а се можеше да се реши со еден пат на море, а попатно и посета на манастирот под Острог, каде планирав да се поклонам пред моштите на Светиот Василиј Острошки. Од денот кога дознав за Светецот, слава му и милост, ја побарав неговата помош, се молев, бев спокојна кога и да го изговорев неговото име. Што и да ме чекаше, чувствував дека на крај резултатот ќе биде добар.

„Според народните верувања, вели таа, не се планира да се оди во манастирот под Острог, но испланирав да биде некој ден од одморот и да побарам благослов од Светиот Василиј Острошки, слава му и милост. Зборуваат луѓе, дури и мои блиски, тој не дава на грешни и лажни покајаници да му пријдат на неговите мошти.

Таквите луѓе паѓаат во несвест, во некаков транс, се тресат, плачат и монасите ги носат на воздух, се молат за нив и ги поливаат со света вода. Само вистинските покајаници можат да се помолат и да ги бакнат неговите мошти. Неколку пати сум била, пешки се качував до горниот манастир и не почуствував замор во ниту еден момент. Ништо освен упорност и благосостојба. И овој пат сакав исто да почуствувам бидејќи животот на нас напатените ни зема две чувства – да можеме се да издржиме колку и да е тешко, и да ни даде надеж.

-Планирав и тоа лето, а кога планирате нешто не чини, мирот кој го изгубив понизно повторно го барам, кротко пред неговите мошти. Еден ден пресметував колку ме чини патот, кога да тргнам, кого се сакам, дали ќе се заморам, а тоа ме загрижуваше, а просто уморот стана неизоставен дел од мене. Навечер заспав со молитва, но вознемирена се најдов на добро познатиот пат.

Го запамтив секој камен, корен, стебло, и знаев дека се качувам на Манастирот. Беше толку реално, јасно и слава му и милост, го почувствував. Се разбудив мирна, после долго време. Доста се променив од последната посета на манастирот, дозволував луѓето да ме променат и јас попуштав. Стравот владееше со мене. Откако мирна се разбудив со голема одлученост решив да одам на Острог, вели таа.

Но, планот не се остварил.

-Не ми даде, застанав откако го направив пвиот чекор, пропаднав и летав два метри во мрак. Таа ноќ заминав на прошетка, насмеана, среќна, задоволна и не насетувајќи дека во овој момент ќе лежам сама во мрак, облиена во пот и се виткав од болка. Местото каде шетавме, не беше осветлено, јас зачекорив мислејќи дека пред мене има тло.

Пропаднав, заглавена, несвесна што се случува, само слушнав некаков звук. Не ме напушти, беше покрај мене, ме сопре да се забјам на шајките од арматурите кои зјаеа на земјата кои беа покрај мојата глава. Се се одвиваше брзо и како на филм. Брза помош, болница, превоз со авион до Белград, операција, болки… Морничава порка ми испрати слава му, дека не сум била подготвена да зачекорам како некогаш кај него. Не бев чиста, мирна и кортка како некогаш. Дозволував ова зло време и злобните луѓе да ме променат, да станам несреќна, лоша, несигурна, уплашена без насмевка и задволство дека ова што го имам е сосема доволно и да не ја скернаваме душата и дека трката по моќ и пари нема нас никаде да не однесе, искрена е верничката.

Извор и фото: Курир.рс

Advertisement