Станува збор за смеса која лесно и евтина се прави, а се става под јазик пред спиење бидејќи го зголемува производството на мелатонин во телото – хормонот одговорен за добар сон.

Станува збор за мешавина од мед и розова хималајска сол која се става под јазикот пред спиење. Оваа сол е навистина посебна, му помага на нашето тело да стане алкално и на тој начин поуспешно се бори со разни болести. Помага и за регулирање на серотонин, кој е многу важен во борбата против депресијата. Серотонин е невротрансмитер хемикалија која ги регулира мускулните контракции, ја регулира телесната температура, апетитот и болката и го контролира нашето однесување, крвниот притисок и дишењето.

Кога се нарушува рамнотежата на серотонин во телото, се јавува депресија и други нарушувања во однесувањето, на пр. до нарушувања на спиењето. Серотонин се произведува во мозокот, во епифизата, која уште се нарекува и трето око – центарот на нашата душа.

Розовата хималајска сол го регулира и нивото на мелатонин, хормонот одговорен за добар сон, кој исто така се произведува во епифизата. Овој хормон се нарекува уште – хормон за спиење. Го контролира нашиот биолошки часовник, а повеќе се лачи навечер и во текот на ноќта. Со доаѓањето на утрото се намалува производството на мелатонин и се будиме.

Advertisement

Покрај тоа, мелотонин го штити нашето тело од слободните радикали и кардиоваскуларни болести, го забавува стареењето бидејќи ги подмладува клетките и ја намалува шансата за развој на болести поврзани со стареењето. Инаку, како што старееме, нашето тело се помалку излачува и затоа децата спијат повеќе, а постарите помалку.

Измешајте пет лажички мед со лажичка сол и ставете го во тегла. Секоја вечер пред спиење ставете малку под јазикот, пишува The Earth Child.

Advertisement