Истражувањето спроведено на Универзитетот во Вашингтон покажа дека лукот е до 100 пати поефикасен од најпопуларните антибиотици кои се користат за лекување на разни здравствени проблеми.
Во оваа статија ви предлагаме да го пробате овој неверојатно ефикасен рецепт за супа од лук:
Компоненти:
- 50 исчистени и излупени чешниња лук (околу 5 глави)
- 2 лажици путер
- 2 лажици маслиново масло
- 2 големи главици сецкани кромид
- 1 лажица сечкана свежа мајчина душица
- 250 мл пилешка супа (за база)
- свежи билки, јаглика, мајчина душица, ловоров лист
- 3 чаши бајат леб исечен на коцки
- 1 чаша кисела павлака
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечете ги врвовите на главите лук, прелијте ги со малку маслиново масло и завиткајте го лукот во алуминиумска фолија. Печете 90 минути и потоа оставете го лукот малку да се излади.
Во меѓувреме, загрејте 2 лажици маслиново масло и путер во тава на средна топлина. Кромидот варете го 10 минути, па во шерпата додадете го изгмечениот печен лук. Добро промешајте и додадете малку сечкана мајчина душица, пилешка супа и свежи билки.
Намалете ја температурата, додадете го лебот и варете уште 5 минути или додека не омекнат коцките леб.
Извадете ги билките од тенџерето и добро измешајте ја смесата во блендер додека не добиете убава, кремаста текстура. Потоа вратете ја смесата во тенџерето и додадете малку павлака и сол и бибер по желба.