Рецепт за домашен густ и кремаст јогурт: Се подготвува од само 2 состојки, а вкусот е фантастичен
Домашниот јогурт е повкусен и поздрав од оној што го купуваме во продавница, а рецептот за негово подготвување е многу едноставен.

Потребни состојки:

  • 2 литри млеко
  • 2 децилитри готов јогурт
  • Начин на подготовка:
    Ставете го млекото во тенџере, вклучете ја ринглата на средна температура и оставете да се загрее до точка на вриење, да достигне температура околу 93 степени (температурата мерете ја со помош на кујнски термометар). Потоа, промешајте малку, тргнете го тенџерето од шпорет и оставете да се излади.

    Откако млекото ќе се излади, во еден сад ставете една шолја млеко и половина шолја јогурт и мешајте додека јогуртот целосно не се раствори во млекото. Разредениот јогурт потоа додадете го во остатокот од млекото, постојано мешајќи. Поклопете го тенџерето, замотајте го во кујнска крпа и ставете го во ладна рерна, а потоа вклучете ја на околу 50 степени.

    Advertisement

    Оставете го јогуртот во рерна најмалку 4 часа или цела ноќ. Имајте на ум дека што подолго остане во рерна, толку погуст ќе биде. Кога јогуртот ќе ја достигне густината што ја сакате, извадете го од рерна, а доколку се формирала сурутка на врвот, внимателно исцедете ја или едноставно измешајте со жица за матење.

    Вака подготвениот јогурт може да стои во фрижидер и до 2 недели.

    Advertisement