Откако Алексис, жена од Питсбург, поминала низ трауматичното искуство на нејзиното бебе да не може да дише за време на породувањето, таа прилично се променила. Таа почна да тоне во се понегативна состојба, а нејзиниот сопруг Стивен виде колку изгубено изгледа.

Одеднаш неговата весела и насмеана сопруга станала премногу уморна и тажна.

– Тоа беше почеток на крајот – рече Стивен.

Кога се вратиле дома, Алексис не можела да се навикне дека малата Андријана постојано плаче, а не се ни трудела да ја дои.

Advertisement

– Алексис плачеше и плачеше. Ја најдов на дното од плакарот, на подот со црвени и насолзени очи – рекол сопругот.

Жената знаела дека има нешто повеќе од родителска нервоза и побарала помош. Лекарите ги уверувале дека се работи само за постпородилна депресија и дека наскоро ќе се чувствуваат подобро. Сепак, ништо не се подобрило и посетиле седум различни центри и болници за да најдат помош.

Со текот на времето, Стивен сфатил дека неговата сопруга има постпородилна психоза, ретка, но исклучително сериозна психичка состојба по породувањето, која предизвикува заблуди, халуцинации.

Лекарот само ја удвоил дозата на антидепресиви, поради што Алексис се чувствувал полошо и полошо, пренесува „Today“.

Таа му признала на Стивен дека по терапијата се чувствувала полошо и дека нејзините мисли стануваат се позастрашувачки.

Конечно, на годишнината од нивната венчавка во октомври 2013 година, Алексис го молела нејзиниот сопруг да ја посети болницата каде што му кажала на докторот дека има самоубиствени мисли, па дури и имала план како да го направи тоа.

Знаеше колку е лошо и очајно бараше помош.

– Докторот ме тргна настрана и рече дека се ќе биде во ред. „Не ми се верува дека бев доволно глупав за да го слушам“, рекол Стивен.

Следниот месец Алексис изврши самоубиство. Кога се разбудил и не ја нашол до него во кревет, знаел дека нешто не е во ред.

– Го слушнав бебето како хистерично плаче. Срцето толку многу ми чукаше, знаев дека нешто страшно се случи – додаде тој.

Тој повикал брза помош и се обидел да ја оживее. Лекарите успеале да ја одржат во живот уште два дена, по што починала. Адријана имаше само шест месеци. Во тие моменти Стивен се чувствуваше ужасно и бесно, се обидуваше да ја најде причината и смислата на сето тоа.

„Како е можно да нема поддршка за мајките кога ќе имаат бебе? Колку е тоа неправедно“.

Решил да се посвети на создавање промени во грижата за менталното здравје после породувањето, за другите семејства да не мораат да минуваат низ ова трагично искуство.

– Сакам да го решам проблемот. Мојата ќерка не е единственото дете без родители, а јас не сум единствениот сопруг без жена – рече на крајот.

Стивен ја основал непрофитната фондација „Алексис Џој“, која заедно со здравствените организации им помага на жените кои се борат со постпородилна депресија.

Advertisement