Лекот се состои од лимон, мед, матичен млеч, и јајце, не жолчката-секако, но белката. Таа комбинација кога правиолно се искомбинира и подготви се добива лековита течност, нешто налик на компот, објасни пензионираниот професор Никола Стојанов, пред камерата на Канал 5.
Моќноста на лекот не стивнува ако заболениот го користи во поодминат период од боледувањето, но нашиот соговорник се согласува дека секогаш најдобрите резултати и скратување на времето на лекување ги има ако лекот се користи навреме.
– Додека трае инкубацијата на жолтицата, лекот во потполност ја уништува, само ако правилно се земаат дозите. Една трае десет дена, а обично се земаат три, изјави Стојанов за Канал 5.
Пензионираниот професор по македонски јазик ни открива- лекот за жолтицата е мегу нас, како кај животинскиот, така и растителен свет.
– Од животинско потекло најдобро е да се зема пресното козјо сирење, но посебен начин обработено, како и млекото, а од растенија, белиот и црвен кантарион, невенот, од зеленчукот, доматот е ефикасен, ротквата. Од овошјето сушените бадеми, додава Никола.
Нема скептицизам кај епидемиолозите и инфектолозите во она што го нуди алтернативната медицина. Денеска за Канал 5, тие се единствени во оценката. Кога се работи за болест, што бара витаминска терапија, и алтернативните лекови се доброедојдени во постигнување на заедничката цел.
Епидемијата, која трае нешто повеќе од две недели, да не зема поголем замав како во време, така и во бројот на новозаболени.