Дали имате проблеми со габи на нозете и не знаете како да ги решите? Направете си го овој природен лек за лекување на оваа непријатна појава.

Доколку имате проблеми со габа на стапалата или познавате некој кој се бори со споменатиот проблем, ви предлагаме да го пробате овој природен лек.

Ја користиме оваа прилика да ви покажеме како да направите природен лек за лекување на габи на стапалата.

Подготовката на кремот не е комплицирана, се што треба да направите е да го исчистите лукот и да го исечете на помали парчиња.

Advertisement

Ставете го лукот во сад или сецкан и додадете една лажица вода.

Откако ќе го исецкате лукот, додадете на сето тоа две лажици јаболков оцет и повторно исечкајте за лукот да биде што поситен и да испушти што повеќе од неговиот сок.

Во друг помал сад ставете три лажици маснотии и малку цимет и убаво измешајте да се соединат циметот и маснотиите.

Потоа исцедете го сокот од лук и јаболков оцет низ цедалка или газа.

Исцедете уште малку за да добиете што повеќе сок од таа смеса, а потоа нежно промешајте да се соедини течноста со претходната смеса од маснотии и цимет.

Добивате готов природен лековит крем кој одлично ги лечи габите на стапалата.

Кремот треба да го нанесувате на погодените места еднаш или двапати дневно, а оваа постапка да ја повторувате околу еден месец.

Состојбата на вашите стапала видливо ќе се подобри. Нема да имате непријатно чешање и вашите нокти ќе бидат бели и подобро ќе растат.

Конечно, да ги наведеме состојките што ќе ви требаат:

  • 3лажици маст
  • 3 лажици чешниња лук
  • 2 лажици природен јаболков оцет
  • 1 лажица вода
  • малку цимет
Advertisement