Рецептот што го користат монасите во Хиландар е навистина нешто посебно и дефинитивно треба да го пробате.




Гравот е едно од омилените јадења на многумина – лесен за подготовка, хранлив и здрав, а со сето тоа многу лесно се подготвува.
Но, рецептот што го користат монасите во Хиландар е навистина нешто посебно и дефинитивно треба да го пробате!




Жителите на Света Гора за подготовка користат грав, вода, маслиново масло, кромид, домат, мелена пиперка, бибер, сол и суви зачини.




Подготовка: Излупете го и измијте го гравот, ставете го во тенџере и прелијте со вода колку што е потребно за да го покрие гравот. Гответе на силен оган и внимавајте да не изгори.




Додека се варат гравот, во тава на маслиново масло пропржете неколку главици крупно исечкан кромид. Се динста, па се додаваат сечканите домати, мелената пиперка и другите зачини.




Со ова прелијте го сварениот грав, убаво измешајте, па ставете во загреана рерна малку да се испече. Печете додека кората не фати одозгора.
Наздравие!